Нов трипл-дабл на Вестбрук, рекорд на ДеРозан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Расел Вестбрук стигна до 28-от трипл-дабл во сезоната во победата на Оклахома против Лејкерс со 110:93.

Тој постигна 17 поени и асистенции, а имаше и 18 скокови. Бекот на Оклахома така му се доближи на Чемберлејн кој во сезоната 1967/68 имапе 31 трипл-дабл. Кај гостите Расел постигна 29 поени.

Торонто го победија Бостон со 107:97, а натпреварот помина во знак на ДеРозан кој постигна рекордни 43 поени. Кај Бостон најдобар беше Томас со 20 поени.

Останати резултати:

Милвоки – Јута 95:109
Индијана – Мемфис 102:92
Филаделфија – Вашингтон 120:112
Атланта – Мајами 90:108
Чикаго – Феникс 128:121
Минесота – Далас 97:84
Денвер – Бруклин 129:109
Клиперс – Сан Антонио 97:105