Кожув потешко од очекуваното го победи Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Кожув го победија Охрид на гости во натпревар од 13-то коло во македонската суперлига, 80:86.

Гостите од Гевгелија отворија со серија од 0:6. Стерјов и Ѓурасовиќ постигнаа шест поени во низа за 5:13. Охриѓани со серија од седум поени намалија на еден негатива, 12:13. Димчевски и Аникиенко зголемија на пет поени предност, 12:17. Гостите минута пред крајот на првата четвртина имаа водство, 18:26. До крајот погоди Арсовски за два за 20:26.

Димчевски со 4 поени и двата на Апостолов му го донесоа првото двоцифрено водство на Кожув во натпреварот, 20:32. Шејн и Михајловски намалија на едноцифрена негатива, 26:34. Милојевиќ и Михајловски го вратија Охрид во игра, 33:36. Нил погоди тројка, а Ѓурасовиќ за два за 33:41. Охрид преку Михајловски и Шејн намали на четири негатива, 40:44, но гостите подобро одиграа до крајот на втората четвртина, па Аникиенко погоди за два, а МекНил за три за водство од девет поени на полувреме, 40:49.

Двете погодени тројки и едната двојка во низа на Ѓурасовиќ го вратија двоцифреното водство на Кожув, 45:59. Шејн и Девин намалија на 49:59. Охрид со петте поени во низа на Шејн и Милојевиќ стигна до негатива од седум поени 54:61. Домашните на крилата на Милојевиќ и Девин се вратија во игра во последната минута од третата четвртина, 61:63. Ѓурасовиќ промаши две слободни фрлања, па гостите имаа само два поени предност пред почетокот на четвртата четвртина.

Крстевски и МекНил погодија за 66:74 пет минути пред крајот на натпреварот. Охрид со тројката на Јанески и двата поени на Михајловски намали на три негатива, 71:74. Јанески и Милојевиќ намалија на еден негатива, 75:76. Кожув до крајот на натпреварот го задржа водството и победи со 80:86.

Ѓурасовиќ го предводеше Кожув со 22 поени. Димчевски додаде 21, а МекНил 19 поени. Кај Охрид најефикасен беше Девин со 21 поен.

Осма победа за Кожув, десети пораз за Охрид оваа сезона.