Фени Индустри ја прегази Струмица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Фени Индустри ја победија Струмица на домашен паркет во натпревар од 13-то коло во македонската суперлига, 97:69.

Шарадбизе се разигра на почетокот на натпреварот и постигна пет поени во низа, 5:0. Кавадарчани направија серија од десет поени за прво двоцифрено водство на натпреварот, 19:7. Брчков погоди тројка, а Макенаџиев за два за 21:14 после десет минути игра.

Јокиќ и Брчков на почетокот на втората четвртина намалија на три негатива, 21:18. Анегелов со четири поени во низа намали на само еден поен негатива, 23:22. Тројката и едното погодено слободно фрлање на Јокиќ му го донесоа првото водство на натпреварот на Струмица, 25:26. Николовски постигна седум поени во низа за 37:30. До крајот на првото полувреме Стајиќ погоди тројка и за два за 42:32.

Фени преку Ѓекиќ и Стајиќ стигнаа до 15 поени предност, 49:34. Магдевски и Петровски две минути пред крајот на третата четвртина погодија за 20 поени предност, 60:40. Во последните десет минути од натпреварот домашните влегоа со 19 поени предност, 63:44.

Пет поени во низа постигнаа кошаркарите на Струмица за 63:49. Гостите се обидуваа да се вратат резултатски во натпреварот, но кавадарчани не дозволија тоа да се случи. Минута пред крајот на натпреварот домашните со тринаесет поени во низа зголемија на 28 поени предност, 97:69 со кои и заврши денешниот натпревар.

Николовски го предводеше Фени со 21 поен. Петровски додаде 17, Стајиќ и Ѓекиќ по 14, а Магдевски 10 поени. Кај Струмица најефикасен беше Јокиќ со 34 поени. Двоцифрен натпреварот го заврши и Брчков кој постигна 13 поени.

Фени Индустри ја запиша 11-та победа, а Струмица осмиот пораз оваа сезона.