„Ни требаат 29 бодови за титулата!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси во 26-то коло од ПЛ го победи Свонси со 3:1, па дополнително се доближи до новата титула.

Италијанецот по натпреварот беше задоволен, а разликата во однос на Сити е зголемена на 11 бодови.

До крајот има 12 кола, а Конте откри колку бодови им се потребни.

„Ни требаат уште 29 бодови за да ја освоиме титулата. Ако во тоа успееме, тогаш дефинитивно ќе бидеме шампиони. Таа бројка не е мала, имаме 12 натпревари до крајот и многу е важно да продолжиме со вакви игри. Моите играчи ја заслужија титулата.“

Челси по 26 одиграни кола водат со 63 бодови, 11 повеќе од Сити кој има и натпревар помалку.

Сепак, според формата и играта на теренот Челси делува како дека никој не може да го стигне.