Ентони во последна секунда ја „сруши“ Филаделфија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во НБА лигата минатата ноќ беа одиграни 8 натпревари.

Кливленд беше поразен на свој терен од Чикаго со 117:99. Тие во оваа средба не можеа да сметаат на Леброн Џејмс, а во негово отсуство најдобар беше Ирвинг со 34 поени, 9 скокови и 7 асистенции. На другата страна Вејд постигна 20 поени, 10 асистенции и 9 скокови.

Њу Јорк ја победи Филаделфија со 110:109, а победата им ја донесе Ентони со кош во последната секунда. Кармело Ентони постигна 37 поени и 6 украдени топки и беше најдобар во натпреварот.

Хјустон беше подобар од Минесота со 142:130. Харден постигна 24 поени и 10 асистенции додека Андерсон постигна 18 поени. Најдобар кај гостите беше Таунс со 37 поени и 22 скокови.

Останати резултати:

Сакраменто – Шарлот 85:99
Орландо – Атланта 105:86
Мајами – Индијана 113:95
Далас – Њу Орлеанс 96:73
Голден Стејт – Бруклин 112:95