Илија погоди, но Палермо не победи – Кваљарела во 90-та ја спаси Сампдорија од пораз (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Палермо и Сампдорија ремизираа во натпревар од 26-то коло во Серија А, 1:1.

На почетокот на натпреварот Кваљарела пропушти шанса да му донесе водство на Сампдорија. После половина час игра гостите направија прекршок во казнениот простор, па судијата досуди пенал за Палермо. Илија Несторовски ја намести топката на белата точка, шутираше и ја затресе мрежата.


Ilija Nestorovski Goal HD – Palermo 1-0… by Jek09Pre

Во 90-та минута Кваљарела погоди за израмнување и ги постави конечните, 1:1. Илија Несторовски ги одигра сите 90 минути на денешниот натпревар и го постигна десетиот погодок во Серија А оваа сезона. Александар Трајковски го немаше во денешниот состав на Палермо.


Fabio Quagliarella Goal HD – Palermo 1-1… by Foot_Videos

После денешното реми Палермо има седум бода помалку од Емполи кој е 17-ти, а тоа е позиција која носи опстанок во Серија А.