Бенитез станува најплатениот тренер на светот?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, два клуба од Кина се заинтересирани за Рафа Бенитез.

Имено, доколку Бенитез прифати една од двете понуди, секако станува најплатениот тренер во светот.

Би заработувал 30 милиони фунти на годишно ниво, а со одредени бонуси сумата би можела да се зголемува.

Тој би го поминал и Виљаш-Боаш кој заработува 11 милиони фунти во Шангај СИПГ.

Бенитез е на прагот да го врати Њукасл во ПЛ, но поединци велат дека има несогласувања меѓу управата и Рафа, па по се изгледа тој ќе замине од Њукасл и ќе отиде во Кина, каде што денеска лежи парата буквално.

А доколку замине таму сигурно би имал неограничен трансфер буџет.