Булатовиќ незапирлива – Будуќност му се одмазди на Вардарки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарките на Будуќност го победија ЖРК Вардар во СЦ Јане Сандански во натпревар од Лига на Шампионите со 28:31.

Се играше гол за гол на почетокот на натпреварот. Гостите со три погодоци во серија стигнаа до првото поголемо водство во натпреварот, 4:7. Вардарки набрзина намалија на 6:7.

Ракометарките на Вардар со два погодоци во низа го израмнија резултатот, 8:8. Следуваше серија од по два погодоци на двете страни, 10:10. Будуќност со три погодоци во серија ја вратија предноста од три погодоци, 12:15.

Вардарки повторно се вратија во игра и го израмнија резултатот, 16:16. Гостите постигнаа уште еден погодок за минимална предност после 30 минути игра, 16:17. Во првото полувреме незапирлива беше ракометарката на гостите, Катарина Булатовиќ која постигна 10 погодоци.

 

Македонскиот клуб пропушти неколку шанси за израмнување, па гостите направија серија од три погодоци за 19:22. Вардарки со три погодоци во низа повторно го израмнија резултатот, 24:24 на петнаесет минути пред крајот на натпреварот.

Будуќност после израмнувањето го врати водството од три погодоци, 24:27. Пет минути пред крајот на натпреварот црногорскиот клуб имаше водство од четири погодоци, 25:30. Вардарки успеа да намалат со два погодоци во низа на 27:30. Црногорскиот клуб на крајот победи со 28:31.

Катарина Булатовиќ со 14 погодоци го предводеше Будуќност. Андреа Пенезиќ беше најефикасна во тимот на Вардар со 6 погодоци. Андреа Лекиќ и Александра Лакрабер постигнаа по 5, Камила Херем, Тамара Мавсар, Сања Дамњановиќ, Барбара Лазовиќ, Ања Алтхаус и Јованка Радичевиќ постигнаа по 2 погодоци.