Барселона го победи и Фленсбург – Само два погодоци на Лазаров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Барселона на домашен паркет го победија Фленсбург во натпревар од ЛШ, 26:23.

Каталонците подобро го започнаа натпреварот, стигнаа до водство од три погодоци, 4:1. Фленсбург се врати во натпреварот и го израмни резултатот, 8:8. Домашните ракометари повторно зголемија на плус три, 12:9. На полувреме каталонците заминаа со предност од два погодоци, 14:12.

Барселона на стартот на второто полувреме имаше плус шест, 18:12. Гостите од Германија вратија со серија погодоци и намалија на два негатива, 18:16. Ракометарите на Барселона повторно го вратија водството од шест погодоци, 22:16. На крајот Барселона победи со 26:23.

Валеро Ривера ја предводеше Барселона со 4 погодоци. Македонскиот ракометар, Кирил Лазаров постигна 2 погодоци. Кај Фленсбург најефикасен беше Радивојевиќ со 6 погодоци.

11-та победа на Барселона во групната фаза.