Наинголан го потресе Милано – Рома остана во борбата за титула (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома победија на Џузепе Меаца во натпревар од 26-то коло во Серија А, 1:3.

Наинголан во 12-та минута постигна фантастичен погодок за водство на римската волчица.

Во второто полувреме стрелецот на првиот погодок го постигна и вториот по кој го зголеми водството на гостите.

Девет минути пред крајот на натпреварот, Икарди намали на 1:2.

Муриљо направи прекршок во казнениот простор, а судијата досуди пенал за Рома. Диего Пероти беше прецизен од белата точка и ги постави конечните 1:3.