Јаја Туре се восхитува на двоец од Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ветеранот на Манчестер Сити Јаја Туре се улгеда на Златан Ибрахимовиќ и Рајан Гигс.

Туре (33) повторно се врати во тимот на Сити, бидејќи порано имаше проблем со тренерот Пепе Гвардиола и тоа воглавно поради менаџерот Димитри Селук, кој често испалуваше отровни стрели кон шпанскиот тренер.

Искусниот Туре, кој во 17 настапи во оваа сезона постигна шест голови, смета дека сеуште може квалитетно да игра и покрај годините, а најдобар пример за тоа му се Ибрахимовиќ и Гигс.

„Играчите денеска можат долго да играат. Ќе видите дека како Ибра или Гигс, тие се најдобар пример. Не знам ништо за следната сезона, сега не мислам за тоа. Сега уживам со своите соиграчи“, рече Туре, па продолжи:

„Што се однесува до мене, секогаш настојувам да дадам се од себе за својот тим и да освојувам трофеи. Секогаш долго се задржувам во еден клуб, никогаш не сакам рано да одам. Тука сум да помагам на екипите кои ќе ме доведат и платат“.

Сити моментално е втор во Премиер лигата, но далеку од титулата, додека во ЛШ  во осмина финалето  со 5:3 го победија Монако во првиот меч, а останува уште и ФА Куп.