Металург испушти голема шанса – Само нерешено против Извиѓач


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Натпреварот подобро го започна тимот од БиХ, па неколку пати ја имаше предноста во натпреварот.

Последната предноста на домашниот тим му ја донесе Николиќ во 6-та минута, кога Извиѓач водеше со 4:3, а потоа започна доминацијата на Металург.

Прв кој му донесе водство на тимот беше Обрадовиќ во 9-та минута со 2 голови, најпрво за 5:4, а потоа и 6:4.

Потоа константна ја одржуваа разликата играчите на Металург, а најголемото водство од 4 голови дојде во 19-та минута со голот на Пешевски за 10:6.

На полувремето тимот на Металург замина со предност од 13:10.

Второто полувреме започна многу израмнето и се играше гол за гол.

Домаќините во еден момент намалија на 14:15, но потоа Илиќ со 3 голови во серија повторно ја врати предноста од 4 голови, поточно 18:14.

Натпреварот продолжи понатаму, а Извиѓач не успеваше да ја направи потребната серија за да се врати во натпреварот.

Рагуз постигна гол и го намали водството во 49-та минута на само 2 голови разлика, а потоа Хрстиќ успеа да му донесе израмнување на својот тим во 52-та минута со 2 голови по ред.

Дојде и првото водство во вториот дел од натпреварот, но Деловски израмни на 22:22.

На крајот резултатот беше нерешен, односно 24:24.