Русите уште долго време ќе уживаат во трките на Ф1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трката во Ф1 за ГН на Русија ќе се одржува на патеката во Сочи до 2025 година, изјави заменик премиерот на Русија, Дмитриј Козак.

Козак за медиумите кажа дека организаторите постигнале договор и дека тој ќе биде продолжен до 2025 година.

Сочи во 2014 година прв пат беше домаќин на трка во Ф1, на место на кое се одржаа некои натпреварувања на ЗИО во 2014 година.

Оваа година трката во Ф1 за ГН на Русија ќе се вози на 30-ти април во Сочи.