„Мурињо ме шокираше кога ми пријде!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јунајтед победија против Саутемптон во финалето на Лига упот.

Мурињо го освои првиот трофеј како тренер на Јунајтед, но најмногу благодарение на одличниот Ибра кој постигна 2 голови.

Сепак, мора да се признае дека одличен натпревар одигра и Габијадини кој беше двоен стрелец.

Тој во јануари стигна од Наполи и во првите неколку натпревари покажа дека ќе биде квалитетно засилување.

Тој откри дека имал краток разговор со Мурињо, па не го криеше своето изненадување поради тоа.

„Мурињо ме шокираше кога ми пријде и се ракуваше со мене по натпреварот, тоа беше одличен потег од негова страна. Во светот на фудбалот има малку луѓе како Мурињо.“