Вардар поразен во купот – Шкендија конечно победи против ривалот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес се одигра првиот натпревар во ½-финалето на купот од Македонија помеѓу Вардар и Шкендија, а гостите успеаа да победат со 3:1.

Првото полувреме започна многу лошо за Вардар. Ибраими ги имаше првите шанси на натпреварот, а Вардар успеваше да се одбрани од неговите напади се до 26-та минута кога успеа да погоди за 1:0.

Вардар започна да игра подобро и да се обиде да се врати во игра со неколку удари на Којашевиќ и Блажевски, но не успеаа, па Ибраими ги казни и погоди за 2:0.

Фелипе од пенал успеа да намали за 1:2 во второто полувреме и ги врати надежите на тимот на Вардар кои ги снема со одличната контра на Шкендија и голот на Хасани за конечни 3:1.

Вардар оваа сезона успеа да ја победи Шкендија 3 пати, а денес не успеа да го повтори тоа.

На другиот натпревар кој се одигра денес Пелистер и Брегалница одиграа 2:2.