Баварската машинерија за едно полувреме го елиминира Шалке од купот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен на Алијанц Арена го победија Шалке со 3:0 во натпревар од 1/4 финалето во германската Бундеслига.

Левандовски уште во петата минута од натпреварот погоди за водство на Баерн Минхен.

Стрелецот на првиот погодок во 16-та минута му асистираше на Алкантара кој со глава го зголеми водството на баварците.

Петнаесет минути пред крајот на првото полувреме Левандовски го постигна вториот негов погодок, трет за Баерн, 3:0.

Во второто полувреме мируваа мрежите, а Шалке го заврши натпреварот со 10 фудбалери бидејќи црвен картон заработи Бадштубер. На крајот Баерн Минхен победи со 3:0 и се пласира во 1/2 финалето во германскиот куп.

Менхенгладбах на гости го победи Хамбургер со 1:2 и се пласира во 1/2 финале.