Атланта беше подобра од Далас – Мајами ја „прегази“ Филаделфија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.

Кошаркарите на Денвер го победија Милвоки на гостувањето со 98:110. Повторно ноќ за паметење имаше Јокиќ кој постигна 13 поени, 14 скокови и 10 асистенции.

Атланта беше сигурна против Далас со 100:95. Милсап постигна 18 поени за домашниот тим додека Барнс кај гостите постигна 25.

Филаделфија беше поразена во Мајами со 125:98. Домашниот тим до победа го предводеше Џонсон со 24 поени, а во гостинскиот тим Квингтон беше најдобар со 19 поени.

Останати резултати:

Вашингтон – Торонто 96:105
Сакраменто – Њу Јорк 100:109
Клиперс – Хјустон 103:122
Минесота – Јута 107:80
Сан Антонио – Индијана 100:99
Њу Орлеанс – Детроит 109:86