Олимпијакос го згази Макаби – Црвена Звезда подобра од Германците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одиграа неколку натпревари во Евролигата.

Тимот на Црвена Звезда одигра одличен натпревар против Бамберг и успеа да победи со 74:60.

Натпреварот започна со доминација на Црвена Звезда која по првата ¼-на имаше предност од 17:9. Додека во второто полувреме продолжија со доминација и заминаа на полувремето со предност од 43:29.

Во вториот дел Бамберг заигра малку подобро, па успеа да ја добие третата ¼-на со 14:13, а до крајот на натпреварот немаше големи промени во резултатот, па конечниот резултат беше 74:60.

Олимпијакос денес гостуваше во Тел Авив и успеа да победи.

Натпреварот го започнаа подобро Грците и во првата ¼-на имаа предност од 17:13, а во продолжението ја зголемија уште повеќе и на полувремето заминаа со предност од 40:32.

Вториот дел го започнаа подобро Олимпијакос и во третата ¼-на имаа предност од 13:18, па до крајот на натпреварот остана рутинска работа која ја завршија лесно и победија со 82:71.

Останати резултати:

Галатасарај – Реал Мадрид 87:84