Јоветиќ промаши пенал, Ибора од одбиената топка погоди – Минимална победа на Севиља против Билбао (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Севиља на Рамон Санчез Пискуан го победија Атлетик Билбао минимално во натпревар од 25-то коло во Ла Лига, 1:0.

Ираизоз беше одличен на почетокот на натпреварот. Во 14-та минута Ечеита направи прекршок во казнениот простор, а андалузијците добија пенал. Јоветиќ ја намести топката на белата точка, а неговиот удар го одбрани Ираизоз, но топката се одби до Ибора кој погоди за водство на Севиља.

Билбао преку Гарсија можеше да израмни, но тој ја погоди стативата. Во второто полувреме Гарсија повторно имаше шанса за израмнување, но неговиот удар го одбрани Рико.

Севиља после денешната победа ќе остане на третата позиција со еден бод помалку од Реал Мадрид кој е втор, а два бода помалку од лидерот Барселона. Баскијците се на осмата позиција со четири бода помалку од местото за Европа.