„Никогаш нема да одам на ФИФА гала вечерта!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Луис Суарез уште не може да го прежали случувањето на СП 2014-та, кога поради инцидентот со Киелини беше суспендиран од страна на ФИФА.

Тој тогаш 4 месеци не можеше да игра фудбал, дури и да влегува на стадион.

Истата година премина од Ливерпул во Барселона и чекаше до октомври за деби во нивниот дрес.

„Никогаш не сум разговарал со Киелини по тоа. Многу страдав во текот на СП. Најтешко беше кога морав да им кажам на децата дека нема да игра против Колумбија. Беше тешко да им се кажува дека одам тајно да тренирам.“

„Некогаш со децата гледав натпревари и тие се прашуваа зошто не играм. Не можев ниту да ги гледам братучедите како играат. Да се биде суспендиран на тој начин, навистина е неправедно.“

„Немам проблем да кажам, никогаш нема да одам на ФИФА гала вечерта.“