Тренерот на Дортмунд се огласи за „случајот Геце“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Марио Геце би можел да ја паузира кариерата на некое време поради пречки во метаболизмот.

Геце скоро 2 месеци не играше за Дортмунд, а тоа би можело да се продолжи најверојатно и до крајот на сезоната со оглед на ретката болест која тој ја има.

Германските медиуми шпекулираат за тоа дека оваа болест ќе му ја прекине кариерата, а Томас не беше толку негативен.

„На Марио му се потребни мир и спокој. Потребен му е одмор, поддршка и разбирање. Се тоа ќе го добие од нас. За најдобра терапија е потребно време. Потоа тој ќе биде повторно важен дел од нашиот тим.“

Тој во Дортмунд се врати минатото лето откако 3 сезони помина во Баерн Минхен.

Оваа сезона одигра 11 натпревари и постигна 2 голови.