Рекорд во тројки за Кливленд – Клиперс поразен од Милвоки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион Кливленд направи нов рекорд во пресметката со Атланта, откако постигнаа 25 тројки, а најдобар беше Џејмс со 6 постигнати.

Тој натпреварот го заврши со 38 поени, 13 скокови и 8 асистенции, а на крајот резултатот беше 135:130 за гостите.

Клиперс беше поразен од Милвоки со 112:101. Најдобри беа Антетокунпо и Монро со по 24 постигнати поени. Грифин за Клиперс успеа да постигне 21 поен, 9 скокови и 8 асистенции додека Крис Пол имаше 21 поен, но и 5 асистенции.

Останати резултати:

Орландо – Мајами 110:99
Филаделфија – Њу Јорк 105:102
Далас – Мемфис 104:100
Јута – Бруклин 112:97
Њу Орлеанс – Сан Антонио 98:101
Лејкерс – Бостон 95:115