Академија Пандев минимално против Новаци, Вардар Неготино подобар од Велазерими


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од ВМФЛ се одиграа четири натпревари од 15-то коло.

Академија Пандев на гости го победи минимално Новаци, 0:1. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Дориев во второто полувреме.

Вардар Неготино го совлада Велазерими на гости, 0:2. Ивановски после седум минути игра погоди за водство на гостите. Конечните 0:2 ги постави резервата Симјановски во 77-ма минута.

На натпреварите Тетекс – Скопје и Металург – Еуромилк не беа постигнати погодоци.

 

Табела:

1.Академија Пандев 40 бода
2.Скопје 27 бода
3.Еуромилк 26 бода
4.Новаци 25 бода
5.Металург 23 бода
6.Турново 19 бода
7.Велазерими 15 бода
8.Вардар Неготино 13 бода
9.Тетекс 12 бода
10.Еуромилк 8 бода