АТП Дубаи – Мареј е шампион!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра финалето на турнирот во Дубаи помеѓу Мареј и Вердаско.

Натпреварот започна многу лошо за Мареј кој го изгуби својор прв сервис, поточно Вердаско ја искористи втората брејк шанса која што ја имаше, но во следниот гејм Мареј враќа експрено и ја искористи првата брејк топка да израмни на 1:1.

Вердаско враќа со иста мера и прави брејк повторно на сервисот на противникот и потоа сервира за високи 3:1 во првиот сет, но тоа беше се од Фернандо. Мареј ја превзема иницијативата и успеа да ги искористи 2-те брејк топки кои ги имаше и дури 2 пати да му го одземе сервисот на противникот.

Тоа на Мареј му беше доволно да стигне до 6:3 во првиот сет.

Сигурен почеток гледавме во вториот сет, но само до третиот гејм кој го освои Мареј со брејк на противничкиот сервис.

Потоа продолжија со добри сервиси до 4:2 и двата тенисери, но во 7-от гејм беше видена голема борба и неколку брејк шанси за Мареј, а тој успеа да ја искористи 3-та за да зголеми на 5:2.

Денес Вердаско не беше во форма каква што ја покажуваше цела недела, па Мареј без проблеми сервираше и ги постави конечните 6:3 и 6:2.