ПСЖ со тешки маки го победи Нанси – Кавани од пенал донесе нова победа на ПСЖ (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ на Паркот на Принцовите минимално го победија Нанси во натпревар од 28-мо коло во Лига 1, 1:0.

Во првото полувреме не беа постигнати погодоци. Десет минути пред крајот на натпреварот беше досуден пенал за ПСЖ, а Едисон Кавани го претвори во погодок и му донесе победа на парижаните.


Edinson Cavani (Penalty) Goal HD – Paris SG 1… by Goals_online

ПСЖ останува втор на табелата со исто бодови колку и Монако, но клубот од кнежеството има натпревар за одигрување од 28-мо коло.