АТП Акапулко – Квери му ја „украде“ титулата на Надал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот тенисер, Сем Квери го освои турнирот во Акапулко.

40-от играч на АТП листата во финалето го изненади Надал, па победи со 2:0 во сетови, односно 6:3 и 7:6.

За освојување на првиот сет на Квери му беше доволен брејк во 8-от гејм. Вториот сет донесе многу неизвесност, двата играчи беа сигурни на свој сервис, па во тај-брејк подобар беше Квери со 7:3.

Квери ќе добие парична награда од 321.290 долари, како и 500 АТП поени.