„Не реков дека Роналдо не мора да трча!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Серхио Рамос по победата против Еибар ги демантираше некои шпекулации на медиумите.

Медиумите во Шпанија пренесоа изјава дека Рамос му кажал на Роналдо дека не мора да трча поради тоа што поставува рекорди во постигнување голови.

„Кога и да има важни моменти, во Реал се одржуваат состаноци. Некои работи што беа кажани во медиумите се лажни. Никогаш му немам кажано на Роналдо дека не мора да трча.“

„Тоа едноставно не го реков, овде сите трчаме, еднакви сме, а клучот е во нашиот натпреварувачки дух. Ви ја разбирам работата, но кредибилитетот треба да ви биде поважен од парите.“

По убедливата победа на Реал, тие се на втората позиција и имаат 1 бод помалку од Барселона.