Нероазурска петарда за Каљари, Удинезе и Јувентус ремизираа, Палермо и Несторовски загубија од Торино (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одиграа уште пет натпревари од 27-мо коло во Серија А.

Интер на гости убедливо го победи Каљари, 1:5.

Икарди пропушти шанса за погодок. Во 34-та минута Перишиќ погоди за водство на нероазурите. Банега постигна фантастичен погодок од слободен удар за 0:2.

Три минути пред крајот на првото полувреме Бориело со глава го намали водството на Интер на 1:2.

На почетокот на второто полувреме Перишиќ го постигна вториот негов погодок на натпреварот,1:3. Габриел направи прекршок во казнениот простор, а Интер доби пенал. Икарди од белата точка беше прецизен, 1:4.

Икарди до крајот на натпреварот имаше шанси, но не ги претвори во погодок. Гаљардини во 88-ма минута ги постави конечните 1:5.

 

Удинезе и Јувентус ремизираа, 1:1.

Во 37-ма минута Запата му донесе водство на Удинезе. Фелипе во второто полувреме со глава пропушти шанса за погодок.

После еден час игра беше израмнет резултатот, Бонучи со глава постигна погодок. До крајот на натпреварот Алвеш имаше шанса за победа на бјанконерите, но неговиот удар го одбрани голманот на Удинезе, па резултатот остана 1:1.

 

Во останатите натпревари Кротоне и Сасуоло одиграа без погодоци, Џенова го победи Емполи, 0:2, а Торино убедливо славеше против Палермо, 3:1. Илија Несторовски во поразот го одигра сите 90 минути.