Вардарки декласирани од Мец – Сеуште има надеж за првото место


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарките на Вардар загубија од Мец во Франција во натпревар од 9-то коло во главната фаза во ЛШ, 42:28.

Вардарки со два погодоци во низа стигнаа до водство од два погодоци, 2:4. Потоа ракометарките на Вардар зголемија на три погодоци предност, 3:6. Мец со серија од пет погодоци за прв на натпреварот стигна до водство, 10:8.

Домашните ракометарки постигнаа три погодоци во серија за плус пет, 18:13. На полувреме Вардарки имаа негатива од три погодоци, 19:16.

 

Во второто полувреме доминација на ракометарките на Мец. Се зголемуваше предноста, па имаа и двоцифрена предност, 33:23.

На крајот Мец победи со највисоката предност на натпреварот, 14 погодоци, 41:28.

Грос со 12 погодоци го предводеше Мец. Кај Вардарки најефикасна беше Андреа Пенезиќ со 10 погодоци. Барбара Лазовиќ и Јованка Радичевиќ постигнаа по 3, Камила Херем, Тамара Мавсар, Ања Алтхаус, Александра Лакрабер и Сара Ристовска по 2, Татјана Хмирова и Андреа Лекиќ по 1 погодок.

Ова беше вториот пораз во низа на Вардарки после поразот во СЦ Јане Сандански од Будуќност во минатото коло.