„Белоти сега вреди повеќе од 100 милиони“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Андреа Белоти сега вреди повеќе од 100 милиони евра, во шега рече тренерот на Торино Синиша Михајловиќ.

Торино денеска губеше со 1:0 дома од Палермо, а тогаш Белоти постигна хет-трик за осум минути и донесе пресврт на Биковите, а со 22 голови е прв стрелев во Серија А.

„Неверојатна партија, но Андреа напорно работи на тренинзите и натпреварите. Ќе мораме да ја зголемиме клаузулата на повеќе од 100 милиони евра после овој натпревар“, рече Михајловиќ, па додаде:

„Тој е сега на врвот на листата на стрелци, но не смееме да размислуваме на тоа. Сега нека продолжи да игра како знае“.

„Белоти може да стане врвен играч, има се потребно за тоа. Комплетен напапаѓа, има техника  и одлична работна брзина. Постигна голови со двете нозе, глава и никогаш не се откажува“, тврди Михајловиќ.