Осум погодоци на македонскиот бомбардер, но само бод за Барселона против Кил


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Кил и Барселона одиграа нерешено во натпревар од 13-то коло во Лигата на Шампионите, 27:27.

Барселона на почетокот на натпреварот беше разиграна, 1:5. Кил со серија од три погодоци намали на еден негатива, 4:5.

Водството на каталонците до крајот на првото полувреме варираше, еден до два погодоци предност, а на полувреме заминаа со два погодоци предност, 13:15.

Домашните во второто полувреме за прв пат на натпреварот стигнаа до водство, 24:22. Барселона набрзина се врати во натпреварот, 25:26. На крајот двата клуба ремизираа, 27:27.

Македонскиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров беше најефикасен во тимот на Барселона со 8 погодоци. Вујин и Екберг со по 8 погодоци беа најефикасни во Кил.

Барселона после ова реми ќе остане лидер во групата А, а Кил е на петата позиција.