Монако продолжува да гази во Франција – Четворка за Нант (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Монако на домашен терен го победија убедливо Нант во натпревар од 28-мо коло во Лига 1, 4:0.

Само четири минути му беа потребни на домашните фудбалери да постигнат погодок. Мбапе погоди за водство на Монако.


Kylian Mbappe Goal HD – AS Monaco 1-0 Nantes 05… by ardit-miftari

Две минути пред крајот првото полувреме Жерман го зголеми водството на Монако. Во судиското продолжение од првото полувреме Мбапе го постигна вториот негов погодок на денешниот натпревар.


Valere Germain Goal HD – Monaco 2-0 Nantes – 05… by Video-Sport


Second Goal Mbappe K. (3:0) Monaco vs Nantes by GoalHunter1

После еден час игра беше досуден пенал за Монако, а Фабињо од белата точка ги постави конечните 4:0.


Fabinho Goal HD – Monaco 4-0 Nantes – 05.03.2017 by Video-Sport

Монако после денешната победа останува лидер со три бода повеќе од второпласираниот ПСЖ и третопласираната Ница.