„И да победевме немаше да биде готова трката за Скудетото“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус денес во Удинезе одигра 1:1 во 27-то коло од Серија А.

Со овој кикс Јувентус и помага на Рома, иако Алегри смета дека ништо не било готово и дека неговиот тим запиша победа.

„Ја зголемивме разликата за еден бод пред Рома. Беше тешко против Удинезе, а сепак освоивме важен бод. Дури и да победевме денес, не би била готова трката за Скудетото.“

„Кога не победувате во вакви натпревари, важно е да освоите барем бод. Потребни се уште многу победи за да бидеме шампиони. Долг е патот до Скудетото.“

Јувентус има 67 бодови, Рома има 59, а во наредното коло тимот го дочекува Милан.