Неверојатниот Белоти сруши рекорд 17 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Торино победија на домашен терен против Палермо со 3:1 во рамки на 27-то коло во Серија А.

Иако домаќините губеа со 1:0 до 73-та минута, сепак Белоти за само 8 минути постигна 3 голови за својот тим и им ја донесе победата.

Белоти погоди во 73, 76 и 81-та минута, а тој со тоа сруши рекорд стар 17 години.

Ова беше најбрзиот хет-трик во Серија А во последните 17 години.

Уште во далечната 2000-та година Шевченко го имаше најбрзиот хет-трик за само 7 минути, односно од 69 до 76-та година.

Сепак, Белоти со тие голови стигна до бројката до 22 и сега е прв стрелец.