Сапуница која нема крај – Кинезите го тужат Милан?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова е навистина сапуница која нема крај.

Тестирањата продолжуваат, ново одложување и нова неизвесност помеѓу Милан и потенцијалните купувачи кои ги налутија Берлускони.

Иако за јавноста тврдеше дека се ќе биде завршено во наредниот месец, сепак медиумите тврдат дека тој е лут и дека размислува да ги прекина преговорите и да ги задржи 200-те милиони.

Тој сега бара Кинезите писмено да се обврзат дека ќе вложат во тимот.

Никој не знае што се случува, но ако Милан не ги врати парите, одлуката ќе ја донесе судот.

Кинезите тврдат дека не се виновни за одложувањето затоа што владата во Пекинг внесе ограничувања во изнесување на капитал од Кина.

Што ќе се случува, останува да видиме во наредниот период.