Рекорд на Монако на 10 кола пред крајот на првенството!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Монако играат феноменално оваа сезона, лидери се во Франција по 28 кола со 3 бодови повеќе од ПСЖ, а со 82 постигнати голови се далеку пред сите ривали.

Екипата на Монако во неделата го победи Нант со 4:0, со уште една одлична игра на Мбапе, а скоро неверојатен е податокот дека Монако на 10 кола пред крајот на првенството го сруши клупскиот рекорд по бројот на постигнати голови.

Претходниот рекорд изнесуваше 79 голови, а поставен беше во сезоната 1977/78.

Најдобар стрелец на Монако е Фалкао со 16 постигнати голови.

Монако оваа сезона одлично игра и во ЛШ, а на 15-ти март на својот стадион го дочекува Сити и ќе се обиде да се врати во игра, откако во првиот натпревар изгуби со 3:5.