„Гвардиола сакаше да ме доведе во Барселона“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло во 2015 година се одлучи да го напушти Јувентус и кариерата да ја продолжи во Соединетите Американски Држави.

Иако  многумина сметаа дека Пирло уште неколку сезони може да игра на повисоко ниво на крајот играчот за врска ја напушти Италија, и го облече дресот на Њујорк Сити за кој игра уште.

Пирло своевремено беше еден од најдобрите играчи за врска, а најдобрите партии ги пружеше во Милан и Јувентус.

Некогашниот италијански репрезентативец откри за американските медиумио деке во времето кога настапуваше за Милан имаше една интересна понуда која на крајот ја одби иако беше многу блиску да ја прифати.

„Кога бев во Милан игравме пријателски натпревар на Ноу Камп против Барселона. После мечот Пеп Гвардиола ме повика во својата канцеларија на стадионот да разговараме. Ме праша дали ќе дојдам во Барселона бидејќи тој сакаше да бидам дел од неговата екипа. Тоа за мене беше многу убав потег за така неој да те повика и да те праша.

Сепак, иако размислував за тоа на крајот сфатив дека Милан во тој момент немаше да ме пушти да заминам“, рече Пирло.