„Белоти нема да биде голем играч“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Андреа Белоти е најдобар стрелец во Серија А моментално.

Белоти синоќа дојде до својот 21 гол и зад себе ги остави Игуаин и Џеко кои имаат по 19.

Белоти наводно е на мета на Јуве според медиумите, но Марота го негираше тоа.

„Белоти е снажен напаѓач кој знае да постигнува голови. Тој ветува, но Торино имаше таков играч. Имобиле, кој отиде во Дортмунд па во Севиља и покажа дека не е голем играч. На Белоти му посакувам се најдобро но мислам ќе заврши како Имобиле“ – вели Марота.