Се поблиску е титулата – Азар и Коста донесоа победа на Челси против Вест Хем (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси победија на гостувањето кај Вест Хем во натпревар од 27-мо коло во ПЛ, 1:2.

После 25 минути игра сините имаа водство на натпреварот. Еден Азар ги израдува гостинските навивачи. Пред крајот на првото полувреме Мозес и Азар имаа шанси за зголемување на водството, но домашните фудбалери го спречија тоа.

На почетокот на второто полувреме Коста зголеми на 0:2. До крајот на натпреварот фудбалерите на Челси имаа уште неколку шанси за погодок кои не ги искористија. Во судиското продолжение од второто полувреме Ланзини ги постави конечните 1:2.


Manuel Lanzini Goal HD – West Ham United vs… by timefootball

Сините после денешната победа ќе останат на лидерската позиција со девет бода повеќе од второпласираниот Тотенхем, а 10 бода повеќе од Манчестер Сити кој е трет и има натпревар помалку.