Марсело Биелса го оправда прекарот, даде оставка после два дена!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Драматично, како подруго кога е „лудак“ во прашање. Траеше на клупата на Римјаните дури 48 часови.

Марсело Биелска требаше да седне на кормилото на Лацио.

Сепак, прашањето од пред неколку дена се испостави како точно, Марсело Биелса нема да биде тренер на Римјаните.

Тој се предомисли, не сака да дојде во Лацио поради Лотито кој му вети неколку играчи во овој преоден рок, но ништо од тоа нема да успее да изведе.

Симоне Инзаги останува тренер, барем на кратко. Италијанските медиуми споменуваат дека Лацио ќе поткрене тужба кон Биелса, останува да видиме каков ќе биде исходот од од се ова.

Она што е сигурно, Биелса нема да седне на клупата на италијанскиот клуб, Лацио издаде соопштение во кое изразува неверување и тврди дека Аргентинецот го прекрши договорот, и дека неговиот догвор е важечки, и дека е заверен во органите на лигата.
Ова го отвора патот за тужби, но поранешниот селектор на Аргентина не се плаши, нема да го промени мислењето, поради тоа што нешто слично направи во минатата година во Марсеј на стартот на својата втора сезона.

Ова ќе биде голем удар за Лотито, него навивачите ќе го обвинат за пропаст на договорот, познато е дека е во војна со северната трибина на „Олимпико“, а веќе на друштвените мрежи тврдат дека е очекуван потег бидејќи никој не може да соработува со претседателот на Лацио.

Драматично, како подруго кога е “Лудак“ во прашање. Траеше на клупата на Римјаните дури 48 часови.