Барбера ги пропушта тестирањата во Катар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Авинтија, Барбера ќе ги пропушти последните тестови во Мото ГП закажани за наредната недела на патеката „Лосеил“.

Барбера се повреди во падот на тренингот во Валенсија минатата недела, па беше успешно опериран ден подоцна во Барселона.

Тестирањата во Катар се на програмата од 10-ти до 12-ти март, а на исто место две недели подоцна ќе се вози првата трка на шампионатот оваа година.

„Оваа повреда дојде во најлош момент за нас, бидејќи нема да може да тестирам во Катар. Нема смисла да ризикувам пред првата трка, па така најдобра одлука за нас е да останам дома и да работам. Ова е голем проблем за нас, но мораме да бидеме позитивни.“