„Миха ќе биде тренер и наредната сезона!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Торино, Каиро потврди дека Миха ќе остане тренер на тимот и наредната сезона.

Торино моментално е 9-ти во Серија А, со 13 бодови помалку од позиција која води во Европа, а многумина му замеруваат на тренерот.

„Миха останува тренер и наредната сезона. Тој е одличен тренер и добар човек и има договор уште 2 години. Од 1984 година единствено Мондонико кој заврши во 1992 година како 3-ти имаше подобри резултати од Миха. Тимовите пред нас играат одлично, а ние премногу бодови изгубивме.“

Торино во наредните натпревари игра против Лацио и Интер.