Баерн неприкосновен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Баерн од Минхен ќе остане после Европското првенство во Франција клуб со најмногу играчи кои го освоија континенталниот шампионат.

Европското првенство го освоија 18 играчи на Баерн и тој клуб ќе остане на врвот, бидејќи Барселона со 15 и Реал Мадрид со 14 играчи немаат доволно играчи во селекциите на овогодинешните финалисти со цел да го загрозат тој рекорд.

Португалија и Франција ќе се сретнат во недела во финалето на Европското првенство.

Ако Франција победи, Баерн ќе има 19 освојувачи, бидејќи во екипата на Дидие Дешан ќе настапи Кингсли Коман.

Франција нема репрезентативни од Реал и Баерселона, а за Португалија играат Пепе и Кристијано Роналдо од мадридскиот клуб. Ако екипата на селекторот Фернандо Сантош триумфира, Реал ќе ја прескокне Барселона на таа листа.

Осумина фудбалери на Баерн, вклучувајќи ги и Оливер Кан, Јирген Клисман и Марио Баслер, беа во тимот кога Германија триумфираше во 1996 година.

Високопласираниот Слован од Братислава имаше седум играчи во репрезентацијата на Чехословачка, кога тој национален тим победи на ЕП во 1976 година.

По девет играчи имаат Бордо и Борусија Мехенгладбах, Борусија Дортмунд има осум, а Милан, Интер, Монако, Валенсија и Слован Братислава по седум.

По пет играчи дадоа Јувентус, Келн, Панатинаикос и Сарагоса, по пет АЕК, Ајакс, Челси, Ливерпул, ПСВ и Вердер, а по четири Атлетик Билбао, Арсенал, Атлетико Мадрид, Брондби, Хамбург, Лингби, Олимпијакос и Штутгарт.

Тројца фудбалери Динамо Москва, Динамо Тбилиси, Дукле, Фиорентина, Интер од Братислава, ПСЖ, Севиља, Славија, Спартак и Виљареал освојуваа со своите селекции европски првенства, а по два Оскер, Болоља, Дуизбург, Динамо Киев, Ајнтрахт, Фејенорд, Кајзерслаутерн, Кошице, Локомотива, Мајорка, Манчестер Јунајтед, Наполи, Бетис, Рома, Шалке, Торино и Тулуз.

По еден играч додао Архус, Андерлехт, Б1903, Бенфика, Бешикташ, Бохемианс Праг, Болтон, Каљари, ЦСКА Москва, Ден Бош, Фортуна Дизелдорф, Фортуна Ситард, Фрајбург, Гетафе, Ханза, Карслуе, Лестер, Локомотива Кошице, Малага, Манчестер Сити, Марсеј, Мехелен, Милуз, Нант, Одензе, Парма, Рода, Силкеборг, Спартак Трнава, Сошо, Теплице, Торпедо Москва, СКА Ростов, Трабзонспор, Удинезе, Варезе и Веље.

Дидие Дешан, Марсел Десаи и Франк Лебеф беа во Челси кога Франција го освои ЕП во 2000, а Фернандо Торес и Хуан Мата кога Шпанија триумфираше во 2012.

За Ливерпул настапувале Фернандо Торес, Чаби Алонсо, Алваро Арбелоа и Пепе Реина кога Шпанија го освои во 2008, а Реина беше во тимот и кога истата селекција триумфираше четири години подоцна.

Манчестер Јунајтед имаше двајца освојувачи на европските првества, и тие двајца биле голмани: Петер Шмајхел со Данска во 1992 година и Фабијан Бартез со Франција во 2000 година.

Порто е единствениот клуб кој ја освои ЛШ, а никогаш немал освојувач на ЕП.

Тоа е пред основањетп на ЛШ, а додека се играше Куп на Шампионите се случувало на Селтик, Нотингем Форест, Астон Вила, Стеауа и Црвена Звезда.