Официјално: Суспендиран Златан Ибрахимовиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ во мечот против Бурнмут имаше дуел со Тајрон Мингс поради што беше под истрага на ФА.

ФА вчера објави дека истрагата официјално е завршена и Ибрахимовиќ заедно со играчот на Бурнмут  беше обвинет за насилнично однесување.

Овој двоец има рок до четврток да се огласи, а шведскиот напаѓач веќе тоа го направи.

Манчестер Јунајтед денеска на својата официјална страница објави дека Ибрахимовиќ нема да се жали на одлуката на ФА, дека ќе биде суспендиран на три натпревари.

Неговата суспензија почнува веќе од утре и напаѓачот на Јунајтед ќе ги пропушти натпреварите против Челси, Мидлзборо и ВБА.

Мингс сеуште не се огласи, но е сосема јасно дека се мали шансите да избегне суспензија.

Се очекува дека играчот на Бурнмут баш како и Ибрахимовиќ ќе биде суспендиран на три натпревари.