Мурињо отпиша тројца играчи за мечот со Ростов


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во четврток го играат првиот меч од осмина финалето на Европската лига на гостински терен против Ростов.

Жозе Мурињо пред извлекувањето на паровите јасно порача дека единствено сака да избегне тимови од Русија со цел неговиот тим да не мора толку да патува.

Сепак, претчувството на португалскиот стручнак се оствари и веќе во четврток во Русија ќе ги одмерат силите против Ростов.

Тренерот на Црвените ѓаволи пред мечот против Ростов го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за мечот во Русија.

Навивачите на Јунајтед се изненадени што на списокот не се наоѓаат тројца играчи за кои се веруваше дека ќе добијат шанса.

Мечот против Ростов ќе го пропуштат Вејн Руни, Лук Шо и Бастијан Швајнштајгер.

Играчи кои се во конкуренција за овој меч се: Де Геа, Ромеро, О`Хара, Валенсија, Џонс, Рохо, Смолинг, Блинд, Дармијан, Јанг;  Керик, Ерера, Фелаини, Погба, Мата, Лингард, Михтаријан; Марсијал, Рашфорд, Ибрахимовиќ.