Најдобрите играчи кои во лето би можеле да бидат слободни агенти!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како и секое лето, така и ова ќе биде многу интересно. На крајот на оваа сезона многу фудбалери ќе станат слободни затоа што сеуште ги немаат продолжено договорите со клубовите.

Меѓу нив се некои звучни имиња, а во продолжение ќе видите за кои станува збор.

  1. Санти Казорла

Овој шпански играч стигна во Арсенал во 2012 година. Договорот му завршува на крајот на сезоната, а најголем проблем му претставува тешката повреда поради која одигра само 11 натпревари оваа сезона. Казорла има 32 години и најверојатно ќе замине од тимот.

  1. Лукас Леива

Играчот на Ливерпул веќе долго време се поврзува со заминување. Леива е член на Ливерпул веќе 10 сезони, а во последно време го поврзуваа со Галатасарај. Тој оваа сезона одигра 14 натпревари во ПЛ, а во голем дел покриваше позиции каде што имаше проблем Клоп.

  1. Хесус Навас

Тој во Сити дојде во 2013 година по барање на Пелегрини. Договорот му завршува на крајот на оваа сезона и скоро сигурно ќе го напушти тимот.

  1. Фернандињо

Иако има 31 година, тој сеуште е незаменлив дел од тимот на Сити и клубот најверојатно ќе го продолжи договорот со него. Тој во Сити стигна во 2013 година од Шахтјор за 40 милиони евра.

  1. Фернандо Торес

Торес пред неколку денови доби тешка повреда на главата, но за среќа се е во ред со него. Сепак, сеуште не се знае дали тој и наредната сезона ќе игра за Атлетико. Торес оваа сезона одигра 20 натпревари во Ла Лига и постигна 5 голови.

  1. Марио Балотели

Тој дојде во Ница минатото лето за да се обиде да ја спаси кариерата. Иако на почетокот изгледаше дека ќе успее во тоа, сепак Балотели со неколку последни потези се уништи.

Фудбалерите на Ница го обвинија дека нема ништо повеќе со нив, а Раиола изјави дека треба да им се скрати јазикот, па така Балотели ќе стане слободен играч во лето.

  1. Јаја Туре

Иако на почетокот на сезоната изгледаше дека Туре нема да има место во првиот тим на Сити затоа што дојде Гвардиола, сепак тој во последно време е постандарден. Оваа сезона одигра 15 натпревари во ПЛ и постигна 4 голови.

  1. Златан Ибрахимовиќ

За крај следува најзвучното име. Иако тренерот на Јунајтед, Мурињо изјави дека Ибра ќе остане во Јунајтед и по оваа сезона, сепак сеуште ништо не  е официјално.

Тој оваа сезона е најверојатно најдобриот играч на Јунајтед затоа што постигна 15 голови во ПЛ.