„Во фудбалот не постои среќа“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид со вкупни 6:2 против Наполи се пласира во 1/4 финалето во ЛШ.

Реал губеше на полувреме 1:0 и изгледаше дека наполитанците ќе направат чудо, но потоа Серхио Рамос постигна два погодоци, а Мората го реши патникот за 1/4 финале.

„Во првото полувреме не игравме како што требаше. Наполи беше фантастичен. Ја презедоа иницијативата на почетокот на натпреварот, но ние се подобривме во остатокот од натпреварот. Не можеме секој пат да играме добро, но вечерва имавме фантастично второ полувреме“, изјави Зидан.

„Не мислам дека имавме среќа, среќа во фудбалот не постои. Овој резултат 3:1 се јасно кажува“, заклучи Зидан.