Осминафиналето е проклето за Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал се простија од ЛШ за оваа сезона бидејќи вечерва во Лондон беа декласирани од Баерн со 5:1.

Баерн во двата натпревари во осминафиналето во ЛШ против Арсенал победи 10:2 и така уште еднаш ги понижи. Многу веруваат дека Венгер после ова ќе си замине од Емирати бидејќи оваа е брука која навивачите не можат да ја поднесат.

Интересно е дека Арсенал седум пати по ред испаѓа од ЛШ во осминафиналето. Арсенал во последните седум сезони од ова натпреварување испаѓаше од: Барселона, Милан, Баерн Минхен, Баерн Минхен, Монако, Барселона, Баерн Минхен.

Лондонскиот клуб денес постави многу рекорди, но од оние негативните.