Натпревари кои ќе се паметат – Најголемите пресврти во историјата (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од фановите на фудбалот често може да се слушне реченицата дека натпреварот трае дури судијата не суди крај.

Да направиш пресврт после голем пораз е многу тешко, но во текот на историјата на европскиот фудбал чуда често се случуваат.

Арсенал против Баерн вчера не успеа да направи чудо бидејќи реално немаа многу шанси, а вечерва сите очи ќе бидат насочени кон Ноу Камп каде Барселона има четири погодоци негатива од однос на ПСЖ.

Во видеата подолу ќе видите најголемите пресврти во историјата.

10. Сезона 1975/76 – Реал Мадрид – Дерби 1:4, 5:1

Дерби во средината на седумдесетите години минатиот век беше тим од кој сите се плашеа. Во првиот натпревар во нокаутфазата го прегазија Реал Мадрид со 4:1. Меѓутоа во Мадрид беа потопени. Реал победи со 5:1 пред 120 илјади навивачи и се пласира понатаму.

9. Сезона 1984/85 – Партизан – КПР 2:6, 4:0

КПР стигнаа до Белград со надеж дека се пласирани понатаму после победата против Партизан од 6:2 во првиот натпревар. Во Белград црно-белите го декласираа англискиот клуб со 4:0 и се пласираа понатаму.

8. Сезона 1984/85 – Мец – Барселона 2:4, 4:1

Барселона во првиот натпревар на купот на победниците го победи францускиот Мец во Франција со 4:2. Меѓутоа, тие лесно го сфатија ривалот на реваншот на Ноу Камп. Мец тоа го искористи, победи со 4:1 за пласман понатаму.

7. Сезона 1985/86 – Баер Уердинген – Динамо Дресден 0:2, 7:3

Купот на победниците на купови, четвртфинале пред нешто повеќе од 20 години, натпревар помеѓу клубови од Западна и Источна Германија. Уердинген гостуваше во Дресден кај Динамо со минус 2:0 од првиот натпревар. Не се откажаа, го прегазија противникот со 7:3 и се пласираа во 1/2 финале.

6. Сезона 1987/88 Баер Леверкузен – Еспањол 0:3, 3:0, 3:2 пенали

Финале на купот на УЕФА во мај 1988-ма година. Еспањол стигна во Леверкузен со три погодоци предност, но на крајот Баер се радуваше. Германскиот тим победи со 3:0, а стигна до титула после пенали каде победи со 3:2.

5. Сезона 1994/95 Оденсе – Реал Мадрид 2:3, 2:0

Дански Оденсе направи голема сензација во 1994-та година кога го елиминира Реал Мадрид. Кралевите на Сантијаго Бернабе победија со 3:2, но потоа следеше шок. Оденсе победи со 2:0 и направи сензација. Ова е најголемата победа на данскиот клуб во историјата.

4. Сезона 1995/96 Ајакс – Панатинаикос 0:1, 3:0

Дури 77 илјади гледачи беа на Олимпискиот стадион во Атина за да го испратат патот на Панатинаикос до финалето во ЛШ. Грчкиот клуб имаше предност од 1:0 од Амстердам, но после домашниот натпревар ништо не се слушна. Ајакс го победи Панатинаикос со 3:0 и стигна до голема победа и пласман во финале каде загубија со Јувентус.

3. Сезона 2003/04 Депортиво – Милан 1:4, 4:0

Една од најпознатите натпревари во новата историјата во ЛШ. Милан против легендарниот тим на Депортиво донесе резултат 4:1 во Ла Коруња, но и тоа не му беше доволно.

Валтер Пандиани, Хуан Карлос Верон, Алберт Луке и Фран погодија за Депортиво кој помина понатаму во натпревар кој засекогаш ќе се памети.

2. Сезона 2003/04 Монако – Реал Мадрид 2:4, 3:1

Монако фантастичната сезона на крајот не ја заврши како шампион на Европа. Беа запрени од Порто, но текот на нокаут фазата во ЛШ го исфрлија Реал Мадрид и тоа на фантастичен начин. Кралевите имаа 4:2 во првиот натпревар, се чинеше дека Монако нема шанси за да помине понатаму, но на крилата на Жули и Мориентес, Монако стигна до предност и се пласира понатаму заблагодарувајќи му на погодоците во гости. Пресвртот е уште позначаен бидејќи Реал во реваншот водеше со 0:1.

1. Сезона 2010/11 Интер – Баерн Минхен 0:1, 3:2

Баерн Минхен стигна со погодокот предност против Интер. Се чинеше дека нероазурите се на чекор од елиминација, но се случи чудо во Минхен. Интер победи со 3:2 и стана вториот тим во ЛШ кој надокнадил минус 1:0 од својот терен.

Така пропадна планирата одмазда на Баерн за изгубеното финале една година порано.