МекКолум повторно ќе се сели во Галатасарај?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ерик МекКолум ќе се врати во редовите на Галатасарај по 1-годишната епизода во Кина.

29-годишниот играч би требало утре да стигне во Истанбул, а би можел да заигра уште за викенд против Фенербахче. Дербито во 21-то коло во Турција се игра на 12-ти март.

Според медиумите, МекКолум во Галатасарај ќе остане до крајот на сезоната.

Тој во кариерата има играно за Барак, Апоел, Аполон, Паниониос, Жејианг и Баиконг.

Галатасрај се наоѓа на 6-то место во Турција со резултат од 12 победи и 8 порази.